Барселона со триумф се враќа од Лион, Макаби подобар од Партизан

Кошаркарите на Макаби Тел Авив со триумф од 90-81 ја запреа одличната серија на Партизан во Евролигата, додека победа запиша и Барселона.

Израелскиот тим ја доби првата четвртина со 24-13, додека на полувреме замина со водство од 46-39. Партизан намали на четири поени на стартот на вториот дел (42-46), по што Макаби ја презема контролата и не им дозволи на црно-белите да се вратат во мечот.

Најдобар во победата на Макаби беше Браун со 21 поен, два скока и пет асистенции, додека Пантер блесна кај Партизан со 22 поени, два скока и три асистенции.

Барселона во драматична завршница го реши Асвел со 82-75, а најдобар во победата беше Миротиќ со 19 поени. Додека Анадолу Ефес загуби на гости кај Валенсија со 71-81.