Барселона е во проблем: Кошаркарите ќе си заминат ако им ги намалат платите

Раководството на Барселона разговарало со капитените на фудбалскиот, кошаркарскиот и ракометниот тим за намалување на платите во тек на вонредната состојба поради опасниот вирус.

Меѓутоа, состанокот на управата и капитенот на кошаркарскиот тим не поминал најдобро. „Мундо Депортиво“ откри дека разликите во ставовите би можеле да ја растурат екипата.

Кошаркарите не го прифатиле предлогот да добијат кратење од 70% на нивната плата, па се заканиле и дека ќе го напуштат тимот доколку се случи такво нешто.

Барселона сезонава вложи рекордни 50 милиони евра во кошаркарскиот тим, но тие во моментов немаат никакви приходи и не гледаат друг излез од ситуацијата.

„Барселона сега не прима никакви приходи, а управата е присилена да донесе таква мерка. Платата ќе им се намали само на професионалните кошаркари, додека тоа не важи за останатите вработени во клубот“, кажал извор од клубот.