Атракција на сезоната: Американец скокна „до небо“ и со се ривалот ја заби топката (ВИДЕО)

Кошаркарите на Барселона синоќа ја совладаа Манреса (87-77) во меч од 22. коло на шпанската АЦБ лига, кој долго ќе се памети по забивањето на Девин Робинсон, кошаркар од поразениот тим, кое веднаш стана вирално на социјалните мрежи.

Американецот во втората четвртина истрча до офанзивен скок и ја заби топката во обрачот фаќајќи ја во лет и тоа преку поранешен НБА центар, Вили Ернангомес. Тој буквално го „уфрли“ во кошот, а се дополнително се зголеми со реакцијата на коментаторите, но и описот на официјалниот профил на Ендес лигата.

Шпанскиот репрезентативец брзо стана предмет на потсмев, а Робинсон беше прогласен за креатор на забивањето на годината.