Асвел и ја украде победата на Црвена звезда среде Белград

Кошаркарите на Црвена звезда претрпеа нов пораз во Евролигата, откако во 8. коло загубија на домашен терен од Асвел со 72-74 по продолжение.

Ова е шести пораз за „црвено - белите“, додека Асвел ја запиша петтата победа во најсилното клупско кошаркарско натпреварување во Европа.

Тимот од Белград водеше во текот на целиот меч, но на крајот не успеа да дојде до победата, а Давидовац промаши во последните секунди од мечот да за победа. Во продолжението, гостите од Франција одиграа далеку подовро и на крајот дојдоа до триумфот. 

Најефикасен во победничкиот тим беше Ливио Чарлес со 20 поени, додека на спротивната страна Били Барон запиша 16 коша.