Анадолу Ефес ја освои Атина, Барселона во луда завршница ја победи Басконија

Вечерва во Евролигата беа одиграни уште две возбудливи средби, а дуелот меѓу Басконија и Барселона го одбележа луда завршница и триумф на Каталонците од 72-71.

Барселона на средината од првата четвртина ја презема предноста (15-10), но Басконија не се предаде и го „топеше“ водството на ривалот до 19-20. Каталонците потоа до крајот на полувремето ја одржуваа предноста и на полувреме заминаа со 39-37.

Басконија покажа сила на крајот на третата четвртина, кога намали на 56-58, а потоа направи и пресврт во последниот период од играта и имаше водство од 71-61. Сепак, Барселона со неверојатна серија од 11 поени ги постави конечните 72-71.

Зоран Драгиќ беше најдобар кај Басконија со 15 постигнати поени, додека кај Барселона најефикасен беше Никола Миротиќ.

Во претходниот меч Анадолу Ефес ја освои Атина и го совлада Олимпијакос со 84-79.