Војдан и Дамјан и во следната сезона ќе бидат ударна сила на МЗТ Скопје!
Станува збор за двајца од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња, кои и покрај фактот што наскоро ќе наполнат по 37 години, сепак, сѐ уште располагаат со квалитет каков што би посакал секој клуб во државата. За капитенот Дамјан ова ќе биде 12. сезона во сино-белиот дрес во која ќе ја брка јубилејната десетта титула кариерата, сите освоени со тимот од „Јане Сандански“. Пред Војдан, пак, е четврта сезона како член на аеродромци, откако првпат им се приклучи на почетокот од 2022 година.
Актуелен договор со МЗТ Скопје имаат уште Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ, додека „металците“ најавуваат дека во следниот период ќе промовираат уште неколку квалитетни домашни и странски засилувања.