Уште еден поранешен кошаркар на МЗТ ќе игра во НБА-лигата (ФОТО)

Поранешниот крилен центар на МЗТ Скопје, Нуни Омот, следната сезона ќе настапува во НБА-лигата во дресот на Њујорк никс, со што ќе биде вториот поранешен кошаркар на аеродромци кој заиграл во најсилното кошаркарско натпреварување на светот.

Деталите на договорот на Американецот со кениско потекло не се објавени, но се шпекулира дека тој е во две насоки, односно ќе настапува и во развојната Џи-лига по потреба. Омот во Аеродром „слета“ во 2019 година, кога се задржа само три месеци и одигра пет меча во АБА2-лигата со просек од 14,2 поени и 3,8 скока.

Претходно, петставник на МЗТ во НБА беше Хасани Гравет, кој за разлика од сонародникот Омот, во најсилната конкуренција замина директно од дресот на македонскиот шампион.