ТФТ рутински го реши Гостивар, Кожув го наполни кошот на Куманово

Кошаркарите на ТФТ Скопје беа подобри во дербито со Гостивар со 91-77, додека Кожув го растури Куманово со 94-76 во 14. коло од Првата лига.

Гостивар даде отпор само на почетокот, кога имаше и водство, меѓутоа ТФТ ја презема контролата врз мечот и до полувреме избега на +11 (48-37).

ТФТ доминираше на паркетот во третата четвртина и стигна до +23 (70-47), по што стана јасно дека Гостивар ќе го запише петтиот пораз во Првата лига (77-91).

Најефикасен беше Виктор Ташовски од ТФТ со 17 поени, додека на спротивната страна Пипкинс и Корсантија постигнаа по 13 поени.

Гевгеличани беа одлични во мечот против Куманово, а по првите 10 минути веќе имаа предност од 29-12, која до полувреме се зголеми на 53-34.

Куманово се бореше во вториот дел, но не успеа да го скрши притисокот од ривалот, кој ја задржа убедливата разлика и славеше со 94-76.

Најдобри во екипата на Кожув беа Гордон со 32 и Ризвиќ со 20 поени, додека Смит на спротивната страна постигна 20 поени.

Еуро Никел го доби дуелот против Чаир 2030 со 80-66, а најдобар во победата беше Гавриловиќ со 17 постигнати поени, додека Мохамед со 18 поени беше најефиксен кај поразените.