Стајиќ: Глупавите одлуки во клучните моменти нѐ оставија без куп-финале!

Плејмејкерот на Работнички, Бобан Стајиќ жали за пропуштената шанса на неговиот тим во полуфиналето од Купот на Македонија.

Најтрофејниот тим во земјава загуби од МЗТ Скопје и испушти шанса да се закити со првиот трофеј сезонава.

„Натпреварот беше многу напнат и неизвесен до крајот. Противникот водеше речиси постојано, но ние имавме шанса во финишот да дојдеме до победа. За жал, морам да кажам дека во последните минути одигравме многу глупаво и незрело, донесовме неколку лоши одлуки во нападот и тоа не чинеше пораз. Штета што тука останавм без финале, но ни останува првенството, ќе се потрудиме таму да го надополниме пропуштеното.

Ќе одиме чекор по чекор, јасно ни е дека има и други квалитетни екипи во шампионатот кои си имаат свои сметки во натамошниот дел од сезоната“, рече плејмејкерот на Работнички.