Срамно: Струмица испадна од лига, па не се појави на теренот на - домашна средба!

Кошаркарите на Струмица од пред неколку кола и официјално испаднаа од Првата лига, но според правилата тоа не им дава право да не ги доиграат средбите од Плејаут-лигата, нешто што денеска се случи.

Струмичани вечерва требаше да му бидат домаќин на тимот на Чаир 2030, кој се појави во салата „Парк“, но на теренот ги имаше кошаркарите на домашниот тим. Причина за овој срамен потег е неофицијалниот штрајк во тимот, кој подолго време се најавува, со оглед на проблемите со финансиите со кои се соочува тимот на Струмица.

Чаирчани средбата ќе ја добие со служени 20-0, додека струмичани нема да го добијат бодот наменет за поразениот тим. Според правилата, ова нема да значи директна преселба во најнизок ранг, бидејќи имаат право вака да загубат уште една пресметка, што и речиси сигурно ќе се случи во следниот натпревар, ако не се случи некое чудо.