„Штркчињата“ му донесоа прва победа во елитата на легендарниот Перо Блажевски!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Уни Банка со убедлива игра дојдоа до првата победа во вториот меч од новата прволигашка сезона и тоа на гостински терен против дебитантот во елитата, тимот на Ангели (90-73).

„Штрчкињата“ со тоа покажаа дека имаат сила и квалитет да се вмешаат во борбата за опстанок, а воедно и му донесоа деби триумф на тренерот Перо Блажевски во Првата лига, за кого ова е прво искуство на клупата на еден прволигаш. Сино-белите брзо дојдоа до висока предност, која во второто полувреме само ја зголемија, за воопшто да не се грижат за крајниот исход.

Максим Митевски со 18 и Рансом со 17 поени беа најпрецизни кај МЗТ Скопје УНИ Банка, додека Ајзеја Мендерсон со 21 поен беше најпрецизен кај Ангели.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Кожув 89-71

ТФТ – Еуро Никел 85-71

Гостивар – Куманово 85-72

Академија ФМП – Пелистер 66-89

Работнички – Феникс 94-90

Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка 73-90