Работнички ангажира Американец од колеџот на Мајкл Џордан со титула од НЦАА-лигата!
Станува збор за кошаркар со големо интернационално искуство, со настапи во екипи од Германија, Израел, Грција, Франција и Полска. Пред доаѓањето во Европа, Гинјард играл за прославениот американски универзитет Северна Каролина, за кого има играно и легендарниот Мајкл Џордан и со кого дојде до шампионска титула во 2009 година. Минатата сезона беше дел од полскиот прволигаш Чарни Слупск.
Американецот е второ странско засилување за Работнички во пресрет на новата сезона, по Бугаринот Чавдар Костов. За центарци летово потпиша и репрезентативецот Бојан Крстевски, а од минатата сезона останаа ветераните Димитар Мираковски и Ѓорѓи Чековски како и талентираните Виктор Ефремовски и Предраг Николиќ.
Тренерот Марин Докузовски вчера ги почна подготовките за новата сезона со дел од играчите кои му се на располагање. Странците се очекува да дојдат во следните денови исто како и репрезентативецот Чековски, по што центарци ќе можат посериозно и постудиозно да почнат да се подготвуваат за враќањето на европска сцена и тоа преку настапите во ФИБА Еврокупот каде што во воведното квалификациско коло ги ческа руска Парма.