Поранешната сопруга на Пеце Наумоски навива за неговиот противкандидат! (ФОТО)
Станува збор за поранешната сопруга на популарниот Пеце, Сања Обрадовиќ, која во коментар на Фејсбук отворено ја поддржа амбицијата на Илиевски прво да го смени, а потоа и наследи човекот со кого до неодамна беше во брак. Таа сега е во врска со поранешниот ракометен репрезентативец, Ренато Вугринец, а со Наумоски, со кого има два сина кои се талентирани кошаркари, не е во добри односи што и ја објаснува нејзината поддршка за директниот конкурент на поранешниот сопруг.
„Поддршка за Владо. Браво!“, напиша некогашната госпоѓа Наумоска во коментар на текст во кој Илиевски објавува дел од своите планови за влез во МКФ.
Собранието на кое се претпоставува дека ќе се гласа за смена на Наумоски ќе се одржи на 25 декември и покрај фактот што таква точка не е предвидена во оригиналниот дневен ред на овој собир на клубовите. Сегашните информации велат дека веќе постои критична маса која ќе му изгласа недоверба на актуелниот прв човек во Куќата на кошарката.
Ако дојде до ваков епилог, петнаесетина дена потоа ќе биде закажано Изборно Собрание на кое Илиевски и неговиот најголем ривал Даниел Димевски ќе ги одмерат силите во битката кој ќе ја предводи македонската кошарка во следните четири години.