Почина Јанко Луковски – еден од најлегендарните тренери во историјата на макбаскетот!
Тој потекнува од школата на Работнички, каде што прво успешно настапува како играч, а потоа извесен период го предводи овој тим од клупата. Со Луковски како стратег, центарци го остваруваат најголемиот успех во поранешната заедничка земја, а тоа е третото место во првенството на СФР Југославија во сезоната 1991/92. Десетина години претходно на тимот од „Градски парк“ му обезбеди пласман во финалето од Купот на СФРЈ и тоа во 1983 година, кога загуби од Цибона.
Во периодот од 1982 до 1986 година ја водеше, понекогаш самостојно, понекогаш како помошник на Русмир Халиловиќ, јуниорската репрезентација на Југославија, поточно кадетската репрезентација и младата репрезентација до 21 година, каде што тренираше играчи. како што се: Дражен Петровиќ, Здовц, Паспаљ, Пецарски, Цвјетичанин , Перасовиќ, Сретеновиќ и др.
Во 2003 година ја основа кошаркарската школа „Спорт Ки“ во Нови Сад, каде што живееше до крајот на животот. Пред неколку години ја имаше и последната обврска во македонската кошарка и тоа како советник во младинската школа на МЗТ Скопје, но и на КФМ. Почина на 77-годишна возраст.