Пелистер стана фактор во елитата, Вардар „секна“ во Кавадарци!

Пелистер ја запиша третата победа по ред откако денеска беше подобар од Куманово 2009 со 88-70, додека Вардар доживеа голем пораз против Еуро Никел 2005 со 66-82.

Пелистер играше израмнета прва четвртина против Куманово (20-16), но како минуваше времето домаќините успеаа да му избегаат на противникот на осум поени разлика (31-23), но Куманово преку Марковски, Јанески и Петровски на полувреме намалија на 37-41.

Домаќините тргнаа фуриозно во второто полувреме, па набрзо изградија предност од 58-41, па без потешкотии славеа на крајот со 88-70.

Најдобар во победничката екипа беа Казарновски со 16, додека кај Куманово најефикасни беа Марковски и Јанески со по 16 поени.

Еуро Никел ја продолжи мизеријата на „црвено-црните“ откако ги совлада со 82-66, но по првото полувреме мечот не изгледаше толку лесно за домаќините.

Вардар играше на достојно ниво, па на паузата меѓу двете полувремиња замина со негатива од 42-44. Сепак, Еуро Никел отвори одлично во третата четвртина која ја доби со 19-9, а тука стана јасно дека без проблеми ќе запишат нова победа во шампионатот (82-66).

Кавадарчани со денешниот триумф стигнаа до седум победи во десет меча сезонава, а до славје ги предводеа Петровски со 18 поени, Каплановиќ и Караколев со по 15 поени. Кај Вардар најдобар во тимот беше Невеш со 21 поен.

На последниот меч кој беше одигран денеска Гостивар победи против ФМП Академија со 67-58.

ФОТО: МКФ