Пелистер се подготвува дури во Требиње, Илиевски договори пет силни теста во БиХ (ФОТО)

Кошаркарите на Пелистер, помалку невообичаени, втората фаза од подготовките за новата сезона ќе ја одработат во босанскиот град Требиње, каде што освен на подобрувањ ена физикалиите, ќе работат и на тимската хемија, но и на техниката и тактиката.

Новиот тренер Марјан Илиевски на располагање има многу нови играчи, меѓу кои се репрезентативците Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ и четворица нови странци и тоа Aмериканците Џастин Мартин, Чез Вилијамс и Џалил Абдул Басит, заедно со Србинот Игор Кесар, поради што ќе му треба време тимот да се воигра и да биде максимално подготвен за првенството кое почнува на почетокот од октомври.

Битолчани за време на престојот во БиХ ќе одиграат пет пријателски натпревари со цел да видат до каде се и тоа против Леотар (двапати), ХКК Чапљина, поранешниот АБА2-лигаш Зрински како и против поранешниот член на јадранската елита, ХКК Широки, а веќе неколку сезони дел од АБА2.

Прв противник на Пелистер во новата сезона од македонската Прва лига ќе му биде Кожув.