Екипата на ТФТ, која првпат игра во прволигашката конкуренција, се погрижи повеќе да нема непоразени во кошаркарската елита, откако вечерва орви го совладаа досега неприкосновениот тим на Пелистер (97-82).

Ова беше прв пораз за битолчани по низата од осум победи по ред и најава за уште повозбудливо продолжение од Првата лига со оглед што и тимот од скопската населба Тафталиџе со скор 6-2 се вмешува во борбата за највисок пласман. Клучна за триумфот на дебитантот беше третата четвртина, во која одиграа пеколно и која ја добија со 30-13. Во тој дел од играта, со брзи контри и прецизни шутеви од далечина, избраниците на тренерот Боро Смилковски за кратко време од егал-позиција (50-50) дојдоа до огромни плус 18 (76-58) како најава за големиот успех.

Лахлан Андерсон со 23 поени и 18 поени и 13 скока очекувано беа носители на играта на ТФТ, каде што блесна младиот Страхил Николов (20 години), кој средбата ја заврши со 21 поен и девет скока. Кај гостите од Битола најпрецизни беа Чаз Вилијамс со 21 и Игор Кесар со 19 поени.

Ова беше одложен меч од 3. коло, а покрај него денеска ФМП Академија лесно и убедливо, како гостин, го совлада Црн Дрим, Кожув по продолжение едвај го скрши отпорот на Вардар (86-82), додека по голема борба и многу пресврти, Гостивар излезе како победник во дербито со Куманово (91-83).