Навивачите на МЗТ Скопје машки ги издржаа пандемиските мерки поради кои не смееја да ги проследат финалните дуели на нивните миленици против Еуро Никел. Поради што првично осмата титула ја прославија надвор пред паркингот со пиротехничко шоу.

Но, „срцето јуначко“ не издржа, па по завршување на официјалната церемонија на средбата, тие влетаа во салата „Јане Сандански“ и го зазедоа своето место на трибините. Веднаш почна да се пеат нивните препознатливи песни, заедно со кошаркарите, кои веќе бурно славеа на паркетот прскајќи се со шампањско.

Лудата фешта каква што одамна немало на спортски терени, благодарение на проблемите со коронавирусот, траеше речиси цел час и тоа префрлајќи се на паркетот каде што навивачите и играчите заедно се радуваа на круната.