
Навивачите ги соблекоа играчите на Работнички: Не заслужувате да го носите светиот дрес (ВИДЕО)
Во стилот на фановите на други поголеми екипи, членовите на Сити Парк Бојс по срамниот пораз ги построија избраниците на тренерот Горан Самарџиев и ги натераа да ги соблечат дресовите. Нивната порака беше дека со својот однос и залагање не заслужуваат да го носат светиот дрес на 15-кратниот македонски шампион.
За Работнички ова беше четврти пораз во десеттиот меч сезонава во Првата лига, што е далеку полош учинок од очекувањата кои сите ги имаа од центарци, особено по најавите минатото лето дури и за атак на некој од домашните трофеи.
*постројувањето на кошаркарите од навивачите е на -13:00 минути од видеото