На КФМ конечно ѝ текна за комеморација за Лечиќ, ама кога ќе биде – никој не знае!
Ова требаше да биде направено многу порано, само неколку дена по заминување на популарниот Грк, нешто што Хрватите го направија набрзо по починувањето на нивната голема легенда, Ратомир Тврдиќ. Ваквиот потег на КФМ, најверојатно, е само купување време за смирување на гневот кај кошаркарските вљубеници и најблиските на Лечиќ, со оглед што не е објавен датум кога воопшто би се одржала комеморацијата.
„Кошаркарската Федерација ќе организира комеморација за Лазар Лечиќ. Најголемата легенда на македонската кошарка, почина на 13.08.2024 година во Скопје. Времето и местото на одржување на комеморацијата ќе бидат дополнително објавени, по консултација со семејството на Лазо и со неговите најблиски соработници“, пишуваат луѓето од КФМ.
Колку за споредба, КФМ пред три години организира комеморација во чест на Благоја Георгиевски-Буштур и тоа само два дена по неговата трагична смрт во сообраќајна несреќа. Семејството на Лечиќ сѐ уште чека на такво нешто.