МЗТ Скопје се засили со уште еден репрезентативец на Македонија!
Според информации од таборот на „металците“, неговиот договор е од отворен карактер што би значело дека играчот може да замине во ситуација да добие друга понуда од странство или од домашен клуб. Тој веќе извесен период тренира со сино-белите и настапи на сите седум пријателски натпревари.
За Пенов ова е враќање во таборот на МЗТ Скопје каде што претходно имаше две различни епизоди и тоа во периодот помеѓу 2004 и 2006 година односно 2010 и 2012 година. Изминатите три сезони го мина во дресот на Карпош Соколи, а уште има играно и за АМАК-СП, Вардар осигурување и Кожув.
Летово, пак, дебитира за репрезентацијата на Македонија. Можноста за прв официјален настап за шампионот ќе го има в петок (29 септември) кога во „Јане Сандански“ ќе гостува белградски Партизан.