МЗТ Скопје славеше убедлива и рутинска победа од 94-69 против МЗТ Скопје 2 во рамки на заостанатиот натпревар од 16.коло во Првата лига. 

Победникот беше јасен уште по првата четвртина, што МЗТ Скопје ја доби со 29-17. Предноста во продолжението само се зголемуваше, а во финишот на натпреварот дојде и до највисоки +29. 

Во победничкиот табор најдобар беше Хасани Гравет со 19 поени, додека кај вториот состав на „металците“ најмногу се истакна Леонид Тодоровски со 23 поени. 

Со оваа победа, што беше трета по ред, МЗТ Скопје се искачи на 5.место на табелата со скор од 13 победи и шест порази. Вториот тим на МЗТ е 10-ти со шест победи и 15 порази.