МЗТ лесно го преслуша Работнички за финале на турнирот во СРЦ „Кале“ (ФОТО)
Тоа беше полуфинален натпревар на меморијалниот турнир „Андреј Грковски“ во организација на ТФТ, во кој аеродромци прашањето околу победникот го решија уште во првата четвртина, која ја добија со 22-6. Сино-белите потоа само ја одржуваа лесно стекнатата предност од стартот, покажувајќи дека во моментов се далеку подобри од најголемиот противник.
Војдан Стојановски со 10 поени беше најефикасен и единствен со двоцифрен број поени кај „металците“, додека Марин Петков и Милош Копривица постигнаа по девет поени. Босанскиот интернационалец, Имран Полутак, со 12 поени беше најпрецизен кај Работнички.
МЗТ во утрешното финале ќе ги одмери силите со организаторот ТФТ, кој претходно вечерва беше подобар од Кожув (78-72).