Маџари падна во последната четвртина, Пелистер со победа си оди од Скопје!

Во последниот денешен меч од 14. коло во македонската кошаркарска Суперлига, Пелистер со убедливи 99-83 славеше на гостувањето кај Маџари.

Победата за битолчани е убедлива, но од резултатот не е слика за тоа што се случуваше на натпреварот.

Тимот на Маџари беше рамноправен во три четвртини, во последниот период се влезе со нерешени 70-70, а тогаш се случи несфатлив пад на домаќините.

Во тие решавачки десет минути Маџари постигна само 13 поени, а Пелистер дури 29 и дома си заминува со убедлив триумф од 99-83.

Стајиќ со 26 поени беше најдобар стрелец за Пелистер, Малешевиќ постигна 24, а Џенкинс имаше 20. Кај Маџари најдобар беше Хот со 28 поени.

По 14 кола Пелистер е на третата позиција зад МЗТ Скопје и ТФТ, Маџари е шестти.