Кошаркарите на Куманово имале сообраќајка, мечот со Струмица е одложен за утре!

Натпреварот меѓу Струмица и Куманово во рамките на плеј-аутот од домашното кошаркарско првенство, наместо денеска ќе се одигра утре поради сообраќајна незгода на кумановци.

Комбето со кое патувале кошаркарите на Куманово кон Струмица, имало незгода, му пукнала гума по што возачот изгубил контрола на возилото кое завршило во банкината.

За среќа инцидентот поминал без последици, нема повредени во таборот на кумановци, тимот по оваа несреќа се вратил назад.

Натпреварот кој требаше да се игра денеска, ќе биде одигран утре со почеток од 16:30 часот.