Комесарот Милојевиќ ги „построи“ прволигашките тренери пред новата сезона!

Комесарот за натпреварување при КФМ, Александар Милојевиќ денеска одржа работен состанок со тренерите од Првата лига-мажи, кој кој се разговараше за работите од минатото првенство како и за тоа што треба да се подобри за да гледаме уште подобри натпревари во сезоната која наскоро почнува.

На собирот на кој присуствуваа најголем дел од прволигашките тренери, комесарот Милојевиќ презентираше анализа на натпреварувачката сезона 2021/2022, а во размената на мислења, беа апострофирани и некои пооделни аспекти за подобрување на квалитетот на натпреварите во настапувачката која стартува веќе на 8. октомври со мечевите од првото првенствено коло.

Одговорниот за регуларноста на лигите укажа и на некои квантитативни показатели за претходната натпреварувачка сезона. Во исто време ги информираше прволигашките тренери и за измените во официјалните кошаркарски правила на ФИБА, кои стартуваат веќе од 1. октомври и ги потенцираше деловите од дополнувањата во Пропозициите за натпреварување во Сениорските лиги за новата натпреварувачка сезона.