КФМ ги отвори вратите: Гледајте го Суперкупот во живо - бесплатно!

Кошаркарската сезона официјално почнува утре (сабота) со мечот од Суперкупот за трофејот „Драган Василов – Цевка“, а во кој силите ќе ги одмерат актуелниот шампион МЗТ Скопје и финалистот од Купот на Македонија, тимот на Феникс (19.30 часот).

Со цел да им излезе во пресрет на спортските вљубеници, челниците на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), која е организатор на овој спектакл, решија да ги отворат вратите од СРЦ „Кале“, односно да им овозможат бесплатно да ги следат возбудувањата на паркетот. МЗТ е бранител на трофејот, кој го освои лани со победа во пресметката со ТФТ.

Претходно ќе се одигра и Суперкупот во женска конкуренција и тоа помеѓу шампионот Баскет Кам и куп-победникот МЗТ Скопје (17 часот).