Карпош Соколи ангажира џин од Хрватска кој пред 10 години играше за Струмица!
Станува збор за исклучително искусен кошаркар кој игра на позицијата класичен центар, кој досега има настапувано во 15 различни екипи од Хрватска, Италија, Германија, Швајцарија, Словачка, Турција, Обединети Арапски Емирати (ОАЕ)... Минатата сезона ја почнал во дресот на бугарски Рилски спортист, а ја довршил во косовска Приштина. Високиот центар во 2001 година бил дел од младинската репрезентација на Хрватска, а пред десет години играл и за Струмица.
Делиќ е четвртото странско засилување за „соколите“ летово по Американците Тадус Мекфејден, Ентони Колинс и Џејлон Браун. Нови членови на Карпош Соколи се и македонските репрезентативци Кирил Николовски и Стојан Ѓуроски, додека од минатата сезона остануваат Драган Лабовиќ, Дарко Соколов како и младите Дамјан Јакимовски, Иван Сапунџиев и Филип Бакоч.