Изненадувачки: Американец од ТФТ по само два меча се пресели во Битола!
Тој одигра само два официјални меча за популарната Тафта, против Кемницер во квалификациите за Лигата на шампионите и против МЗТ Скопје во Суперкупот, кои неговиот тим ги загуби. Доналдсон против германскиот тим постигна седум поени со шут 1/6 од поле, додека против „металците“ реализира 12 поени со две асистенции.
Тој во сезоната 2019/20 настапуваше и за екипата на Гостивар, а потоа беше дел од екипите на ЗТЕ, Јашберени, ВСК (Унгарија) и германски Скајлајнерс.