
Гратчето со 5.000 жители по вторпат во историјата има – шампион на Македонија!
Тие вечерва, третпат по ред, го совладаа големиот конкурент Бадел 1862 (68-59), овој пат на теренот на противничките и без пораз дојдоа до посакуваниот трофеј. Составот од скопска Кисела Вода имаше шанса да се избори за четврти дуел, со оглед што водеше со 33-20, но како да застана во тие моменти, што искусните гостинки го искористија и казнија. Најзаслужна за тоа беше Елена Тасевска, која вечерва уфрли 22 поени со пет тројки и заслужено го доби признанието за најкорисна кошаркарка на финалето.
Баскет Кам претходните два меча на домашен терен ги добија со 71-38, односно со 62-53, па по едногодишна пауза пак се искачија на највисокото место на пиедесталот во македонската женска кошарка.