Гевгелија добива тим за титула: Кожув и Блокотехна се споија во еден клуб!

Македонската кошаркарска сцена од денеска добива сериозен кошаркарски проект, откако е официјализирано спојувањето на Блокотехнна и Кожув, кои во иднина ќе продолжат како еден можен тим чии амбиции секако ќе бидат атак на трофеите на домашна сцена, но и достојна презентација на меѓународна сцена.

Екипата ќе го носи името на Кожув, но ќе претставува микс на најдоброто од двата клуба, кои изминативе неколку сезони се во самиот врв на макбаскетот. Планирано е формирање на заеднички Управен одбор, во кој ќе влезат не само луѓето од двата клуба, но и други стопанственици од Гевгелија чија цел ќе биде формирање идеални услови за работа на кошаркарите кои ќе бидат ангажирани.

Првичните најави се дека Кожув ќе биде проект во кој македонските кошаркари ќе добијат вистинска шанса, но во кој ќе настапуваат и не повеќе од тројца квалитетни странски кошаркари. Засега е познато дека тренер ќе биде Македонец, а во следните неколку дена ќе се објави неговото име. Новиот тим сигурно ќе игра во некое меѓународно натпреварување, се има желба тоа да биде дури и АБА2-лигата, но поверојатно е дека во првата заедничка сезона ќе се брани трофејот кој пред неколку месеци Блокотехна го освои во Балканската лига (БИБЛ).

Што се однесува до актуелниот балкански шампион, луѓето кои направија бум со Блоко во изминативе две години се подготвени да го отстапат целосно, со местото во Првата лига и тоа на луѓе кои се подготвени да направат сериозен кошаркарски проект.