Кога не може внатре, тогаш може надвор. По тоа мото се водеа навивачите на МЗТ Скопје, кои не можеа да ги бодрат своите миленици внатре во салата за време на третиот финален меч против Еуро Никел (89-78), поради што се собраа пред салата „Јане Сандански“ и направија вистинска фешта по освоената осма титула.

Веднаш по последниот звук на сирената, кошаркарите на сино-белиот тим ги испочитуваа припадниците на Фемили и истрчаа надвор, каде што ги чекаше пиротехничко шоу. Паркингот пред спортскиот центар буквално гореше од запалените факели, а играчите и навивачите заедно пееја песни прославувајќи го големиот успех.

Ова е двојна круна за аеродромци, по претходно освоениот пехар во Купот на Македонија.