Доскорешен кошаркар на Пелистер летово „крши обрачи“ во дресот на Њујорк никс (ВИДЕО)
Поранешниот крилен центар на битолскиот клуб, каде што имаше просек од 15 поени и 7,5 скока, летово настапува за Њујорк Никс во НБА Летната лига, а со атрактивно забивање на дуелот против Далас Маверикс стана една од главните теми на социјалните мрежи и официјалните НБА-канали.
Дваесет и петгодишниот Американец зад себе остави одлична сезона во дресот на Пелистер, каде што беше еден од најдобрите странски кошаркари и еден од лидерите на тимот. По завршувањето на сезоната емотивно се прости од Битола, нагласувајќи дека од Македонија си заминува со незаборавни спомени и пријателства кои ќе ги памети цел живот.
По враќањето во САД, Вилсон доби можност да се наметне во дресот на актуелниот НБА шампион, а добрите партии во Летната лига покажуваат дека сериозно ја користи шансата. Атрактивниот потег против Далас брзо стана вирален и дополнително го насочи вниманието кон поранешниот кошаркар на Пелистер.