Дамјан доминираше на куп-завршницата и си доби – посебна награда!

Капитенот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски, беше најдобриот поединец во големото финале, во кое аеродромци го совладаа Работнички (77-69) и дојдоа до десеттиот куп-триумф, поради што репрезентативецот апсолутно заслужено беше избран за најкорисен, МВП-играч на турнирот.

Тој финалето го заврши со 19 поени и пет скока, а беше меѓу најдобрите во својот тим и во победите над Куманово во четвртфиналето и Академија ФМП во вчерашното полуфинале.

Победата во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ сигурно ќе донесе мотив плус за сино-белите од Аеродром, кои в среда против кумановци ја почнуваа четвртфиналната плејоф-серија против кумановци, во која го бранат трофејот од пред две години.