Чаир и Кожув сигурни на домашен терен
Чаир привремено се врати на првото место на табелата откако го совлада Вардар со 104-80 што е петти триумф за овој тим во досегашниот дел од шампионатот. Блескаше Ајзеа Кели кој за 25 минути во игра постигна 38 поени, 11 скока и 5 асистенции за индекс 49, највисок оваа сезона во македонската елитна кошаркарска конкуренција. Кај Вардар, двоцифрен беше само Стивенс кој постигна 12 поени, но и оствари 15 скока.
Кожув имаше малку повеќе проблеми со МКК Куманово, но успеа да го совлада со 82-74 и покрај тоа што во еден период имаше седум поени негатива. Стевановиќ со 21 поен го предводеше домашниот тим кој го задржа максималниот ефект во својата сала оваа сезона, додека Радукиќ постигна 23 поени во тимот на МКК Куманово.