Kia го покажа новиот дизајн за Stinger

  • Први фотографии од освежениот дизајн
  • Нови дизајн пакети
  • Високо квалитетни материјали со нови бои и технологии во внатрешностa

Корпорацијата Kia Motors ги објави првите слики од надградениот Kia Stinger, откривајќи освежен дизајн за спортскиот седан со високи перформанси. Промените во изгледот на подобрениот модел го засилуваат неговиот карактер, додека го подобруваат квалитетот во кабината и им даваат на новите сопствениците поголем избор на боја и материјали.

Обновениот модел, откриен со спецификација за корејскиот пазар, може да се пофали со голем број на ажурирања во дизајнот, внатре и надвор. Надвор, промените го освежуваат дизајнот на автомобилот и на купувачите им даваат повеќе опции за прилагодување. Внатре, надградениот Stinger нуди поудобен простор во кој ќе патувате, со ревидиран дизајн, нови поквалитетни материјали и ажурирања на инфозабавниот систем.

Карим Хабиб, постар потпретседател и раководител на Kia Global Design коментира: „Stinger проектира елеганција и удобност, а исто така и одлична намена за возење на долги патеки. Новиот модел се базира на дизајнот на gran turismo автомобил што го воведовме пред три години. Модерен со суптилна агресија за подобрување на неговото присуство на патот. Внатрешноста, исто така, е подобрена и новите дизајнерски елементи и технологии вклучени во Stinger ги потврдуваат неговите ингеренциите за безпрекорен grand tourer“.

Модернизиран и мускулен надворешен изглед

На предната страна на Stinger, решетката во облик на носот на тигар се наоѓа помеѓу новите светлосни групи, со нов дизајн на дневните LED светла. Новиот дизајн има потема внатрешност и му даваат повисоко-технолошки светлосен потпис, со остри линии заоблени малку кон предниот дел на автомобилот.

На задниот дел, новата светлосна комбинација прикажува нов потпис, со што се протега низ целата ширина на автомобилот, имитирајќи ја формата на суптилниот спојлер интегриран во капакот. Новите сигнали за вртење содржат колекција од 10 индивидуални LED единици, распоредени во мрежа.

Кабина со нови опции на боја и подобрен екран на инфозабавниот систем

Додека архитектурата на кабината во надградениот Stinger останува непроменета, удобниот простор за пет патници, може да се пофали со низа суптилни додатоци. Овие визуелни и материјални надградби се дизајнирани за полуксузен амбиент.

Во зависност од спецификацијата, контролната табла и вратите се завршени со ново контрирање на боите, додека централната конзола е достапна со алуминиум или карбонски влакна. И двете мерки ја подобруваат спортската природа на кабината. На сето тоа е додаден и новиот екран на инфозабавниот систем кој е со размер од 10,25 инчи и е акцентиран од новиот сјаен црн финиш. Кабината исто така има нов систем на осветлување, дозволувајќи им на возачите да изберат една од 64 бои за суптилно да го променат карактерот на кабината.

Повеќе детали за Stinger ќе бидат откриени наскоро

Новиот Kia Stinger треба да се најде во продажба во Кореја, во текот на третиот квартал на 2020 година. Продажбата другите пазари на Kia ќе следи подоцна. Kia наскоро ќе открие повеќе детали за надградениот Stinger, вклучувајќи ги и нејзините нови постави на мотори и технологии.