
Инстант шопинг преку мобилен телефон со едноставно скенирање на QR код
Станува збор за многу поефикасна и покомфорна алтернатива на кредитните картички, каде што производот или услугата можат да се купат со едноставно скенирање и распределба на месечните рати и износи онака како што на купувачот му одговара, пришто постои опција за одложување на првата рата.
На пример, Iute Smart 0% е начин на плаќање за кој купувачот нема никаков трошок. Доколку тој се одлучи за производ кој чини 4.000 МКД на 4 рати, тогаш враќа 4x1.000 МКД. Првата рата е еден месец по одобрувњето. Доколку пак сака да отплаќа на подолг период со ниска месечна провизија и отплата до 36 рати, изборот е Iute Flexi
Како да платите со QR код!
-
Пронајдете го посакуваниот производ во една од партнерските продавници;
-
Побарајте го на касата означеното место за скенирање QR код;
-
Отворете ја Myiute, притиснете на копчето Скенирај QR код;
-
Внесете ја цената на производот кој го купувате и притиснете Продолжи.
5 причини зошто овој модел е идеален за секој потрошувач:
-
Можност за флексибилен начин за плаќање на рати, пришто износот и периодот на отплатата го бирате вие, зависно од вашиот месечен буџет и други потреби;
-
Транспарентен приказ на месечните износи кои треба да се вратат;
-
Производот и услугата ги земате веднаш, а со плаќање започнувате од следниот месец;
-
Опцијата за купување со скенирање на код го скратува времето и севкупниот процес;
-
Дигитално одобрување на услугата во моментот на купувањето и дигитално потпишување на договор - брзо, едноставно, практично и без хартиени пари.
Процесот на индентификација и верификација за клиентите кои првпат ќе ја симнат апликацијата Myiute е едноставен и целосно безбеден, преку регистрирана безбедносна шема во партнерство со Евротраст.
Во Иуте во моментов е активна кампања garden week, одлична можност за купувачите во пресрет на убавото време да си ја разубават својата градина, двор или балкон, со плаќање на рати и дополнителен попуст од 1000 ден.
Иуте во моментов располага со мрежа од 650 партнери трговци и преку 850 продажни места.