„Знам во каква состојба се наоѓа Шумахер, ги имам сите информации“

Легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер доживеа тешка несреќа на скијање во Франција во 2013 година, кога ја повреди главата и од тогаш трае борбата за неговиот живот.

Шумахер долго време беше во кома. Семејството не даде никакви изјави за неговата здравствена состојба и ретко кој има пристап до семејниот имот во Швајцарија.

Еден од тие кои ги имаат информациите што се случува со Шумахер е неговиот поранешен тимски колега од Ферари, Фелипе Маса.

„Знам во каква состојба се наоѓа, ги имам сите информации. Со него секогаш бев близок. Со неговата сопруга Корина не се дружев често затоа што не доаѓаше на трките. Мора да знаеме дека оваа ситуација не е воопшто лесна. Мора да го почитуваме семејството, не сакаат да се откриваат детали во јавност и кој сум јас да го направам тоа? Го сонувам секој ден и се молам за него да му биде подобро“, кажа Маса.