Жоан Мир е новиот светски шампион во Мото ГП

Жоан Мир ја освои шампионската титула во Мото ГП шампионатот со денешното седмо место на трката во Валенсија. 

Шпанецот освојува шампионска титула со мотоцикл на Сузуки за прв пат по 20 години и тоа во својата втора сезона во најсилната класа. Тој е единствениот во историјата со титла во Мото 3 класата и во Мото ГП. 

На денешната трка победи Франко Морбидели, додека на подиумот се искачија и Џек Милер и Пол Еспаргаро. На Морбидели не му беше доволна победата за да ја продолжи трката за шампионската титула и остана на второто место во генералниот пласман со 142 поени. Мир има 171 на врвот, додека трет е Алекс Ринс со 138 бодови. 

Следниот викенд се вози последната сезонска трка во Португалија на патеката „Алгарве“.