Жестока казна за Ферстапен пред трката во Белгија

Трикратниот светски шампион Макс Ферстапен доби казна од 10 позиции за трката за Големата награда на Белгија.

Ферстапен е казнет затоа што неговата екипа по петти пат го промени моторот во неговиот болид пред тренингот, па без разлика на кое место ќе заврши во квалификациите, ќе тргне за 10 места поназад.

Квалификациите се возат денеска од 16 часот, додека трката е закажана за утре од 15 часот.

Ферстапен е лидер во шампионатот со 265 бодови, додека зад него е Ландо Норис со 189 поени.