Во Сингапур се отвори небото, Ф1 трката поместена за еден час! (ВИДЕО)

Трката број 17 во Формула 1 календарот, низ улиците на Сингапур нема да почне според предвидениот термин. Поради обилен дожд, организаторите и одговорните од ФИА донесоа одлука да го одложат стартот за еден час, односно во 20.05 часот по локално време, односно 15.05 по централно-европско. 

Безбедносното возило неколкупати сврте околу патеката „Марина беј“ и утврди дека нема услови за возење, а временската прогноза вели дека небото би требало да се смири во следниот период.

Пол-позицијата ја има Шарл Леклер од Ферари, а од осмата позиција ќе почне Макс Ферстапен, кој може и теоретски да ја осигура титулата светски шампион.