Вињалес ќе стартува од пол - позицијата на трката за ГН на Сан Марино

Пилтот на Јамаха, Маверик Вињалес, ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Сан Марино.

Тој го постави најбрзото време во квалификациите (1:32.265), додека од втората позиција ќе стартува Пол Еспаргаро (КТМ), додека трет е Фабио Квартараро (Петронас Јамаха). Квалификациите во Мизано беа успешни за Јамаха бидејќи во првите девет имаат четворица возачи.

Покрај Вињалес и Квартараро, тука се уште и на четвртото место Франко Морбидели (Петронас Јамаха) на четвртото и Валентино Роси (Јамаха) на седмото место.

Лидер во генералниот пласман е актуелен шампион Марк Маркез кој ќе стартува од петтото место.