Валентино Роси: Лоренцо е еден од најдобрите пилоти во модерната ера

Ветеранот Валентино Роси го прокоментира повлекувањето на трикратниот светски шампион во Мото ГП, Хорхе Лоренцо.

Шпанецот ја објави својата одлука неколку дена пред последната трка и една година пред истекот на договорот со Хонда.

Мислам дека тој е сигурно еден од најдобрите пилоти на Мото ГП во модерната ера на Шампионатот. Мислам дека губиме многу важен дел од нашиот спорт. Тој е голем шампион кој многупати ме изненади со својата брзина и концентрација. Откако дојде во МотоГП, уште од првиот момент беше силен, па така се претставуваше десет години. Долго време сме колеги. Многу години го делевме боксот и би рекол дека тој е еден од моите најсилни конкуренти. Жално е што тој си заминува, но мило ми е што тој е добро и му посакувам многу среќа во иднина, ја прокоментира Роси ситуацијата.