Трикратниот светски шампион Лоренцо се пензионира од Мото ГП

Трката во Валенсија ќе биде последна во кариерата на Хорхе Лоренцо во Мото ГП шампионатот. 

Трикратниот светски шампион денеска на прес-конференција објави повлекување од спортот.

„Ова ќе биде мојата последна трка во Мото ГП шампионатот и на крајот од трката ќе е повлечам од професионалното тркање“, изјави Шпанецот.

Лоренцо дебитираше во најсилната класа во Мото ГП шампионатот во 2008 година. Ги освои титулите светски првак во 2010, 2012 и 2015 година. Најдолго возеше за Јамаха од 2008 до 2016 година, а потоа две сезони за Дукати и оваа последната ја завршува на мотоциклот на Хонда.

Последната сезона за него ќе биде за заборав, бидејќи досега во шампионатот не успеа да стигне ниту еднаш помеѓу најдобрите десет возачи. Имаше проблем со повредите, но и да се приспособи на мотоциклот на Хонда, како тимски колега на Марк Маркез.

Во кариерата имаше 202 старта, 47 победи, 114 подиуми и 43 пол-позиции.