
Трагедија: Загина редар на ридско-брзинска трка во Пробиштип!
Настраданиот на трката бил редар на трката, а по ударот од автомобилот паднал во провалија, по што починал на пат кон болница.
„Крајната неспособност на АФМ денес доведе до жртва !
На крајно небезбедна патека без банкини која незнаеме како можеле да ја лиценцираат и направат безбедносен план во Пробиштип каде овој викенд организираа ридско-брзинска трка згасна човечки живот кој беше удрен од тркачки автомобил на целта при тоа беше и дел од организацијата.
Одговорноста за овој настан треба да сноси целото раководство на АФМ а тоа се Ранко Станојковски, Павле Доневски и неговиот клуб и Кристина Станојковска.
Големо сочуство до фамилијата од нас како спортски клуб“, соопштија Кастм Кар Рејсинг.