Тешка повреда на Довициозо: Вицешампионот го пропушта стартот на сезоната?

Мотоциклистот на Дукати, Андреа Довоциозо изминатиот викенд заработил тешка повреда на клучната коска откако паднал на мотокрос натпреварување во Италија.

Актуелниот вицешампион во Мото ГП веднаш бил опериран во Модена по консултација со докторите. Сега се поставува прашањето дали Италијанецот ќе биде подготвен за старт на сезоната во Мото ГП на 19 јули во Херез.

Сезоната ќе биде со скратен календар поради коронавирусот, но Довициозо ќе биде во трка со времето да се најде на стартот на шампионатот.

Довициозо вози за Дукати од 2013 година, а изминатите три сезони завршува на второто место во генералниот пласман зад неприкосновениот Марк Маркез на Хонда.