
Сузуки неочекувано: Кризата и немаштијата нѐ избркаа од Мото ГП!
Тие потоа преку соопштение ги објаснија причините за ваквата одлука.
„Сузуки мото корпорејшн ги почна разговарите за повлекување од Мото ГП-шампионатот на крајот на 2022 година. Тешката економска ситуација, за жал, донесе големи проблеми во автомобилскиот свет, а тоа се одрази и на нас. Принудени сме да ги намалиме трошоците и човечките ресурси за развој на нови технологии. Сакаме да му се извиниме на нашиот тим и на сите кои го поддржуваа Сузуки во изминатите години, а особено на навивачите кои секогаш беа со нас“, се вели во соопштението.
Шампионатот во Мото ГП продолжува викендов со трка за Големата награда на Франција во Ле Ман.