Страшни сцени: Возач избега од запалено возило, но заработи сериозни изгореници (ВИДЕО)

Возачот во Наскар, Џордан Андерсон доживеа тешка несреќа во која се спаси „само“ со изгореници од втор степен, откако неговиот автомобил се запали за време на трка во Алабама.

Автомобилот се движеше без контрола и на крајот удри во ѕид, а Андерсон успеа да се извлече од возилото, но сепак заработи повреди и со хеликоптер заврши во болница.

„Завршив со изгореници од втор степен на вратот, лицето, десната рака и колената“, кажа возачот.