„Срамно - додека јас сум во болница, Хамилтон слави победа!“

Најдобриот во моментов во генералниот пласман во формула еден-шампионатот, Макс Верстапен, возач на Ред Бул, не го криеше своето незадоволство од денешниот инцидент на трката на Силверстон и начинот на кој уште во првиот круг беше исфрлен од трката по инцидент со Луис Хамилтон, кој подоцна победи.

Британецот со голема брзина се обиде да го престигне големиот ривал, но го закачи со тркалото и го испрати во заштитниот ѕид, по што Холанѓанецот заврши во болница. Оттаму го гледаше славјето на Хамилтон, што дополнително го повреди.

„Мило ми е што сум добро. Разочаран сум многу што на ваков начин ја завршив трката. Казната што беше изречена нам не ни помага и не е праведна по опасниот потег што Луис го направи на патеката. Фактот од болница ја гледав прославата е непочитување и неспортско однесување по нечесна победа, но ајде да продолжиме понатаму“, напиша Верстапен.

Бесен по трката беше и тимскиот директор на Ред Бул, Кристијан Хорнер, кој изјави дека Хамилтон направил кривично дело за кое добил смешна казна – десет секунди.