Шок во Белгија: Расел дисквалификуван, Хамилтон победник во Спа

Неколку часа по завршувањето на трката за Големата награда на Белгија на патеката Спа Франкоршамп, победникот Џорџ Расел е дисквалификуван и триумфот му е доделен на неговиот тимски колега Луис Хамилтон.

Причина за дисквалификацијата е тоа што болидот на Расел бил за 1,5 килограм полесен од дозволеното што е утврдено на официјалното мерење по трката. Минималната тежина на болидите треба да изнесува 796,5 килограми, а на Расел изнесувала 795 килограми.

За Хамилтон ова е 105. победа во кариерата, а втора оваа сезона откако триумфираше и на трката за Големата награда на Велика Британија. Второто место му припадна на Пјастри од Мекларен, а третото на Леклерк од Ферари.